ПОВЕЌЕ

    Јосифовски ја зајакнува сопственоста во „Макпетрол“

    Време зa читање: 2 минути

    Во сопственост на Андреа Јосифовски се уште 135 обични акции од компанијата за дистрибуција и промет со нафтени деривати „Макпетрол“.

    Акциите се купени во блок трансакција реализирана пред два дена, по единечна цена од 65.952 денари. Или, во вкупен износ од нешто над 145 илјади евра.

    Со ова Јосифовски ја зголеми сопственоста во „Макпетрол“, а за тоа беше известена и инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна информација пласирана на Македонската берза:

    „Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор г-дин Андреја Јосифовски, се стекна со 135 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје“.

    Акциите на најголемиот домашен дистрибутер на горива се меѓу оние со највисока цена на Берзата. Куповната е на ниво од 65 илајди, а продажната речиси 66 илјади денари.

    Јосифовски со децении успешно менаџира со „Макпетрол“ и со нафтениот бизнис. Минатата година ја доби Големата награда со златна лента и признание за животно дело „Креатори на векови“ за исклучителни постигнувања и развој на претприемништвото на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа. Ретко се појавува во јавноста, а според меѓународните рангирања се вбројува меѓу 50 најбогати во регионот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично