ПОВЕЌЕ

    „Најсиромашниот човек во Конгресот“ сега ќе добива 400.000 долари годишно

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата година дознавме дека американскиот претседател во заминување Доналд Трамп платил данок од 750 долари во последните неколку години. Но тој и неговите компании имаат заостанат долг што може да надмине милијарда долари.

    Ова е во целосна спротивност со новоизбраниот претседател, некогаш наречен „најсиромашниот човек во Конгресот“, Џо Бајден.

    Вистина е дека Бајден е исто така богат, но неговата нето вредност и начинот на кој дојде до тоа богатство, се многу полесни за следење, особено затоа што објавува даночни пријави секоја година повеќе од десет години, пренесува Бизнисинфо.

    Бајден помина многу години во „средната класа“ пред да се здобие со моменталната нето вредност, пишува политичкиот уреднички одбор на списанието „Мари Клер“.

    Сè на сè, моментално вреди девет милиони долари, што е значително повеќе отколку порано во неговата кариера. Оваа сума, добиена од Форбс во јули 2019 година, се базира на вкупно портфолио од 4 милиони долари недвижнини (Џо и сопругата поседуваат два домови во Делавер), инвестиција вредна 4 милиони долари и федерална пензија вредна повеќе од 1 милион долари, објави Блиц.

    Бајден покажа дека во 2017 и 2018 година платил околу една третина од даночните приходи (3,7 милиони и 1,5 милиони американски долари, соодветно) и дека тие претставуваат значителна сума донирана во добротворни цели ($1 милион и 275 000 американски долари, соодветно).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично