ПОВЕЌЕ

    ЈАЗОТ МЕЃУ БОГАТИТЕ И СИРОМАШНИТЕ ЗГОЛЕМЕН: Која земја е на врвот по акумулирано лично богатство?

    Време зa читање: 2 минути

    Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од над 16 милијарди евра, покажува студијата на Швајцарскиот институт, во која се нагласува натамошното продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните.

    И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, покажува студијата која опфаќа 16 земји, Европската унија и Швајцарија, пренесува црногорската агенција Мина, повикувајќи се на SEEbiz.

    Германија ја предводи Европа со лично богатство од 16,4 илјади милијарди евра, а потоа следат Франција со 12,6 илјади милијарди евра, а Британија и Италија со по десет илјади милијарди, покажува студијата спроведена од Институтот за финансиски услуги Redesigning (RSF) со седиште во Цирих.

    Реалниот бруто домашен производ на 16 земји од ЕУ и Швајцарија се намали за 6,4 отсто во пандемијата 2020 година, додека личното богатство се зголеми за 3,9 отсто, на рекордни 69 милијарди евра.

    Ова покажува дека јазот во богатството меѓу богатите и сиромашните се зголемува, а таквиот тренд ќе продолжи, велат авторите на истражувањето.

    Според нивниот извештај за богатството во Европа, Германија забележала најголем број милионери, 2,9 милиони, а потоа следат Британија и Франција со по 2,5 милиони.

    Швајцарија води по уделот на милионери, кој достигнува 14,1 отсто, што значи дека приближно секој седми граѓанин припаѓа на таа група.

    Истражувањето покажа и сè поизразена концентрација на богатство. Така, најбогатите десет проценти од европските домаќинства поседуваат околу половина од нето богатството на Европа. Најбогатиот еден процент од Европејците поседуваат 19 отсто од вкупното богатство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично