Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-1541/2 од 25.2.2021 година, XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 31.3.2021 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Отворање на Собранието.
- Избор на претседавач на Собранието.
- РАБОТЕН ДЕЛ
- РазгледувањеГодишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2020 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог – одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
- РазгледувањеФинансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2020 годинаревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог – одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;
- РазгледувањеГодишна сметкана ТТК Банка АД Скопје за 2020 година, со Предлог – одлука за усвојување;
- РазгледувањеПредлог – одлука за употреба и распоредување на нераспределенета добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година;
- РазгледувањеПредлог – одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар);
- РазгледувањеГодишен извештај на работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2020 година, соПредлог – одлука за усвојување;
- РазгледувањеПредлог – одлука за назначување членови на Одборот за наградување на членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на ТТК Банка АД Скопје;
- РазгледувањеИнформација за резултатите од извршената оцена на соодветноста за членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.
Со цел почитување на мерките за спречување на ширењето на Covid-19, ТТК Банка АД Скопје препорачува акционерите, своето право на гласање на Собрание на акционери на Банката, да го остварат преку гласање со писмена кореспонденција заради обезбедување успешно одржување на закажаното Собрание на акционери.
Правото да се гласа со кореспонденција се остварува со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 30.3.2021 година, до 15:00 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: [email protected]).
Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.
Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 6.3.2021 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.