Џек Дорси вчера „се појави“ на Твитер со низа соопштенија поврзани со американскиот претседател и неговото суспендирање на неговата лична сметка на оваа мрежа.
Денешниот Интернет изгледа како децентрализирана мрежа. Сите корисници зависат од интернет провајдерите, додека мрежното пребарување зависи од централизираните мотори за пребарување.
Веста дека компанијата Твитер трајно му ја одзеде сметката на претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп, одекна во светот деновиве, бидејќи тие сметаат дека неговото „пишување“ на мрежата не е соодветно и дека тоа предизвикува насилство.
Сè се случи по упадот на демонстрантите во зградата на Американскиот конгрес, а својот став го искажаа и политичките претставници на Германија, велејќи дека трајната блокада на сметката на Трамп на Твитер е проблематична. Така мисли Ангела Меркел.
Одлуката е донесена по долго размислување и бројни предупредувања, но се поставува прашањето, дали светските компании почнаа премногу да ја „гушат“ слободата на говорот?
Еве што објави на Твитер Џек Дорси.
Јас не славам, и не чувствувам гордост за тоа што го суспендиравме акаунотот на @realDonaldTrump од Твитер. По јасно предупредување дека ќе ја преземеме оваа акција, донесовме одлука со најдобрите информации што ги имавме врз основа на закани за физичката безбедност и на Твитер и надвор од него. Дали ова беше правилна одлука?