ПОВЕЌЕ

    ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ЏЕЈ ПИ МОРГАН ПРЕДУПРЕДУВА: Светот е пред „најопасното време во последните децении“

    Време зa читање: 2 минути

    Светот можеби се соочува со „најопасното време… во последните децении“, предупреди Џејми Дајмон, главен извршен директор на JP Morgan Chase . Тој им рече на инвеститорите дека е загрижен за ризиците за економијата од зголемените гео-политички тензии.

    Војните во Украина и Израел може да ги погодат цените на енергијата и храната, како и глобалната трговија, рече Дајмон, во своето обраќање за време на собирот на кој компанијата ги претстави своите најнови квартални резултати. Банката објави профит од 13 милијарди долари во текот на трите месеци до септември, што е за 35% повеќе од истиот период во 2022 година.

    Дајмон им порача на инвеститорите дека треба да бидат подготвени да се соочат со повисоки каматни стапки, постојана инфлација, како и последици од насилните конфликти. „Војната во Украина, надополнета со минатонеделните напади врз Израел може да има далекусежни влијанија врз пазарите на енергија и храна, глобалната трговија и геополитичките односи“, рече тој. Тој додаде дека ова можеби е најопасното време што светот го видел во последните децении.

    Загриженоста за тоа како војните ќе влијаат на економијата се појавија и за време на дискусиите на Citigroup за неговите резултати со инвеститорите.

    „Има многу несигурност што на крајот се вбројува во тоа како се одвиваат работите“, рече главниот финансиски директор на банката Марк Мејсон.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично