ПОВЕЌЕ

    Извозот расте побрзо од увозот: 3,2% наспроти 2,7% во првите седум месеци

    Време зa читање: 2 минути

    Умерен раст и кај извозот и кај увозот покажуваат претходните податоци што ги објави Државниот завод за статистика, кои се однесуваат за седуммесечниот период од јануари до јули годинава. Во размената најголем удел имаат државите од ЕУ, особено Германија, Велика Британија, но и од регионот.

    Вкупната вредност на извезената стока изнесува 290,16 милијарди денари (4,71 милијарда евра), што означува раст од 3,2 насто споредено со истиот лански период. Износот изразен во евра е повисок за 3,1 насто, а во долари (5,20 милијарди) за 5,4 насто.

    Најзастапени во извозот се катализатори со благородни метали, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони и бродови, како и делови на седишта.

    Истовремено, вредноста на увезената стока 410,5 милијарди денари (околу 6,66 милијарди евра), што е за 2,7 проценти повеќе во однос на јануари – јули 2024 година. Во доларски износ, увозот достигнал 7,36 милијарди, што претставува зголемување од 4,8 проценти.

    Кај увозот доминираат нафтените масла и масла од битуменозни минерали (освен сурови), метали од платинската група, платина и електрична енергија.

    Во надворешно-трговската размена најголеми партнери остануваат Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, со вкупно учество од 47,3 проценти. Земјите од Европската унија во размената учествуваат со 60,4 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично