ПОВЕЌЕ

    Извозот во 2020-та паднал за речиси 10%

    Време зa читање: 3 минути

    Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 322 706 639 илјади денари и бележи пад од 11.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 419 453 465 илјади денари, што е за 10.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

    Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 96 746 826 илјади денари.

    Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 76.9 %.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

    Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

    Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5 232 561 илјада евра и бележи пад од 11.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 801 375 илјади евра, што е за 11.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1 568 814 илјади евра.

    Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5 970 157 илјади САД долари и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 744 550 илјади САД долари, што е за 9.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1 774 394 илјади САД долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично