Не стивнува интересот за акциите на „Македонијатурист“. Познат купувач поседува 29.942 од акциите на „Македонијатурист“. За информацијата „Македонијатурист“ извести преку Македонска берза.
Во сопственичката структура на „Македонијатурист“ влезе тетовската градежна компанија „Изо стоне“ (Izostone) . Податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност покажуваат дека тетовската компанија во изминатава недела купила 6,62 проценти од вкупниот број акции на „Македонијатурист“.
Со тоа, „Изо стоне“ им се придружи на уште пет акционери кои поседуваат над пет проценти од акциите во „Македонијатурист“. Тоа се Доне Таневски кој поседува 23,40 проценти од вкупниот број акции на компанијата, „Сава пензиски фонд“, во чија сопственост се 8,80 проценти од вкупниот број акции, „Македонијатурист“ (10 проценти), Соња Бибановска (11,27 проценти) и Симеон Павлов (5,01 проценти).