Акционерското собрание на ТТК банка го избра новиот Надзорен одбор кој од идната година ќе работи во старо-нов состав.
Уште еден четиригодишен мандат, кој започнува во март, односно април 2025 година, добиваат Бобан Гоговски, Евгенија Трпкоска, Драгица Јовановска и професорот Михаил Петковски.
Нов член е Албиона Риза, чиј ангажман во ова тело официјално ќе стартува од 19 март в година.
Надзорниот одбор на ТТК банка има седум членови. Меѓу нив се Златко Черепналкоски и Владо Камбовски, со мандати до 2026 и 2028 година.
До истекот на мандатите, овој орган на управување на ТТК банка ќе функционира во досегашниот состав: Бобан Гоговски како претставник на најголемиот акционер „Тетекс“ и воедно претседател на НО, членовите Евгенија Трпкоска, Драгица Јовановска, Трим Ќемали, Златко Черепналкоски и независните членови Арсен Јаневски и Владо Камбовски.