ИТД Дистрибуција, водечки ИТ дистрибутер во Македонија, со гордост го објавува своето ново партнерство како официјален дистрибутер на Barracuda Networks, глобален лидер во Cloud-поддржани решенија за сајбер безбедност.
Barracuda Networks е позната по своите иновативни решенија за заштита на мрежи, апликации и податоци од најразлични закани. Нивните производи вклучуваат firewall технологии, заштита на е-пошта, бекап решенија и алатки за откривање на закани, што ги прави идеални за модерните компании кои бараат високо ниво на безбедност.
Соработката со Barracuda Networks значително го зголемува спектарот на понудата на ИТД во делот на сајбер безбедноста, овозможувајки да се испорачаат напредни решенија за заштита кон нашите партнери и клиенти.
„Горди сме што започнуваме соработка со Barracuda Networks,“ изјави Александар Велевски, комерцијален директор во ИТД Дистрибуција. „Ова партнерство е доказ за нашата посветеност кон обезбедување врвни решенија за сајбер безбедност. Со производите на Barracuda, можеме подобро да ги поддржиме нашите клиенти и партнери во заштитата на нивните дигитални околини.“
Како ексклузивен дистрибутер на Barracuda во МAK регионот и Србија, ИТД Дистрибуција се обврзува да понуди и обезбеди одлична услуга, сеопфатна техничка поддршка и специјализирана обука за своите партнери и клиенти, за да можат максимално да ги искористат придобивките од технологиите и решенијата на Barracuda.
За повеќе информации за ИТД Дистрибуција и новото партнерство со Barracuda Networks, посетете ја веб страницата на компанијата www.itd.mk.