Производителот на iPhone стана првата американска компанија што оствари пазарна капитализација од 2 трилиони американски долари, што ја прави највредната компанија во светот.
Apple ја доживува оваа пресвртница само два месеци откако оствари 1,5 трилиони долари и две години откако стана првата јавно тргувана компанија во САД што достигна 1 трилион долари.
Согласно предвидувањата на аналитичарите „Apple“ ќе достигне 3 трилиони американски долари, порано отколку што многумина сметаат.
Поточно технолошкиот аналитичар, Дан Ајвс предвидел дека пазарната капитализација на „Apple“ ќе достигне до 3 трилиони американски долари до 2023 година. Тој навел неколку фактори за кои верува дека ќе ја издигнат компанијата на следното ниво.
Неговите тврдења се должат на тековната транзиција кон 5G – следната генерација на мобилна технологија, дополнително и како резултат на ажурирањето на „супер циклусот“ како главен катализатор.
Ајвс истакнал дека: Пред Apple е „уникатна можност дадена еднаш во една деценија“.
Во претходните четири квартали услугите на Apple генерираа приходи од скоро 52 милиони американски долари.
Ајвс постојано укажуваше дека пазарната капитализација на компанијата ќе го премине прагот од 2 трилиони долари до крајот на годинава. Согласно моменталната состојба неговите проценки биле исправни, со тоа што Apple го достигна овој репер неколку месеци пред предвиденото, поточно пред крајот на годинава.