Надоместоците за одржување на платежна сметка кај банките во земјава се движат во широк распон, зависно од видот на клиентот и обемот на трансакции. Дел од банките имаат фиксна месечна провизија, која се движи од 40 до 60 денари, додека кај некои износот зависи од месечниот промет или од статусот на клиентот – дали е редовен, пензионер или користи пакет-услуги. Кај одредени банки постојат и повисоки надоместоци за специфични типови сметки или за клиенти со поголем обем на трансакции.
Разликите покажуваат дека пазарот не е целосно унифициран и дека изборот на банка може да има директно влијание врз месечниот трошок на банкарската клиентела. Граѓаните, пак, ја имаат можноста за споредба на трошоците и на избор. Сите податоци на едно место ги обезбеди Народната банка. Од информациите кои банките редовно ги ажурираат, може да се согледаат разликите во висината на предвидените провизии и надоместоци без да се оди по шалтери.
Податоците за месечното одржување на платежните сметки упатуваат на осумкратни разлики во банкарските провизии. Најниски цени за своите услуги наплаќаат најголемата и најстарата банка – Комерцијална и Стопанска Скопје, кои се движат од 25 до 40 денари. Највисок е надоместот во УНИ банка, фиксни 199 денари.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








