Октомвриските пензии се на сметките што пензионерите ги имаат во Комерцијална банка. Пензионерите со активна дебитна картичка со парите можат да располагаат повлекувајќи ги од банкомат или со безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Оние кои не користат дебитна картичка својата месечна пензија можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Од Комерцијална банка информираат дека повеќе филијали и експозитури им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. Во сабота, пак, филијалите низ целата земја и повеќето експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, а експозитурата во East Gate mall, е отворена до 14 часот.