ПОВЕЌЕ

    Од денеска исплата на мајските пензии во Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за мај од среда, 27.05.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од утре и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    • среда 27.05.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
    • четврток 28.05.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
    • петок 29.05.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
    • понеделник 01.06.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари

    Со цел да се намалат редиците и да се заштити здравјето од коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, Комерцијална банка апелира при посетата на филијалите и експозитурите на Банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

    Со цел дополнителна заштита на колективното здравје, на пензионерите што ќе ги посетат филијалите и експозитурите на Комерцијална банка ќе им биде понудено да пополнат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка, која ќе им овозможи да имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично