ПОВЕЌЕ

    Инспекторите во јуни напишале прекршочни налози од 209 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на минатиот месец од Државниот пазарен инспекторат биле извршени над 2.200 надзори. За констатираните неправилности се издадени повеќе од 520 прекршочни платни налози во вредност повисока од 12.900.000 денари или 209,5 илјади евра. Сето тоа за непочитување на законите за трговија, за финансиска дисциплина, за заштита од пушење, за угостителска дејност, за туристичка дејност, за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, за заштита на потрошувачи, за општа безбедност на производите и за енергетика.

    Од ДПС информираат дека и натаму ги извршуваат работните активности на терен, а воедно ги потсетуваат сите кои добиле прекршочни платни налози – да ги платат. А, доколку имаа забелешка, правото да го остварат во судска постапка, каде што како сведоци се појавуваат инспекторите кои го утврдиле постоењето на прекршокот.

    Државниот пазарен инспекторат апелира да граѓаните да пријавуваат неправилности ако ги забележат или се посомневаат во измама.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично