„Епл“ штотуку го претстави новиот „Ајфон“, најочекуваниот паметен телефон за годината во своето дванаесетто издание и ќе чини најмалку 100 американски долари повеќе од минатогодишниот „Ајфон – 11“.
Една од најголемите промени во линијата годинава се занимава токму со цените. Новиот модел беше најавен по цена од 699 долари, 100 долари повеќе од „Ајфон- 11“ кога излезе. Ако „Ајфон- 12“ стане најпопуларен од сегашните модели, што е веројатно, тоа може да ја зголеми просечната продажна цена на „Ајфон“, што е клучна метрика за инвеститорите во „Епл“. Постои и верзија од 829 американски долари.
Еве ја комплетната линија, вклучително и ефтиниот „ iPhone SE“ и претходните модели со намалени цени:
- iPhone SE (2020) – 399 американски долари
- iPhone XR (2018) – 499 американски долари
- iPhone 11 (2019) – 599 американски долари
- iPhone 12 Mini (2020) – 729 американски долари
- iPhone 12 (2020) – 829 американски долари
- iPhone 12 Pro (2020 година) – 999 американски долари
- iPhone 12 Pro Max (2020 година) – 1099 американски долари
Инаку, ова е втор пат во последните две години „Епл“ да ги прилагоди цените на најголемиот број телефони. Минатата година „Ајфон 11“ е намалени на 699 долари или 50 долари помалку од неговиот директен претходник.