ПОВЕЌЕ

    ИНВЕСТИТОРИТЕ ЗАДОВОЛНИ: Биткоин води во играта пред златото и штити од инфлација

    Време зa читање: 2 минути

    Вредностите на биткоинот во средата поставија рекорд на сите времиња, надминувајќи го нивото од 65.000 долари и приближувајки се речиси до 67.000 долари, бидејќи инвеститорите го прославија успешниот почеток на тргување со фјучерси на биткоини на Вол Стрит.

    Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација порасна за повеќе од два отсто надминувајќи го претходниот рекорд од 64.899 долари, што го постави во средината на април.

    Оптимистичките изјави на инвестицискиот ветеран и милијардер Пол Тудор Џонс го подигнаа расположението на пазарот и придонесоа за раст на вредноста на биткоинот.

    „Поскапо од златото“

    „Биткоинот ќе биде одлична заштита. Криптовалутите ќе бидат одлична заштита … Сосема е јасно дека тој [Биткоин] ја води играта со златото во моментов … Мислам дека тој исто така ќе биде добра заштита од инфлација. Во моментов ми е подраг од златото “, изјави Џонс за CNBC, пренесува Танјуг.

    Фјучерси на тргување со биткоин започнаа на берзата во Њујорк во вторникот, а главен играч беше ETF на Стратегија за Bitcoin на ProShares, која започна со тргување по цена од 40 американски долари по акција, под ознаката BITO, и го заврши денот со раст од пет проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично