Американскиот претседател Џо Бајден ќе го претстави долго очекуваниот инфраструктурен план, со проценета вредност на инвестицијата од три трилиони долари, на настан во Питсбург следната недела.
Ова ќе биде првиот чекор на неговата администрација кон исполнување на ветувањата што често ги даваше за време на претседателската кампања минатата година, пишува порталот SEEbiz.
Бајден ќе се обиде да го „продаде“ својот план во Питсбург, Пенсилванија, бидејќи таму доаѓаат индустриски компании како што се US Steel, PPG, Howmet Aerospace, Alcoe, WESCO International, Wabtec Corporation и други.
Имено, на Бајден му се потребни 60 гласа во Сенатот за усвојување на овој закон (тие сè уште не се загарантирани), па со својот говор следната недела во Питсбург, тој сака да добие помош за усвојување на неговиот план.
Не е тајна, се разбира, дека САД итно треба да ја обноват трошната и застарена инфраструктура, што ја намалува конкурентноста на Американците, особено во споредба со некои кинески урбани центри.
Компаниите што би можеле да имаат корист од планот на Бајден вклучуваат Хајделбергмент (HEI GY), Мартин Мариета Материјали (LM USA), Вулкан Материјали, Вале (VALE USA), и Катерпилар (CAT USA), Дир (DE USA). Се разбира, ако овој план не се реализира, акциите на овие компании може да се намалaт.