Отворените инвестициски фондови на последниот ден од април вределе 15,5 милјарди денари односно 252 милиони евра. Се работи за нето износ, каде што е забележано месечно зголемување од 0,6 проценти во споредба со состојбата од крајот на март.
За разлика од март, кога беше забележан пад во основните сегменти од работењето на инвестициските фондови, во април движењата се по нагорна линија, покажуваат податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност.
Во текот на тој месец е евидентиран вкупен прилив на средства од 24,3 милиони евра. За 20,13 насто е повисок од мартовските 20,2 милиони евра.
Зголемувањ од 11,98 проценти има кај одливите. Во април изнесуваа 22,1 милион евра.
Овие бројки се основата за реализираната позитивна нето-разлика од 2,2 милиони евра. За споредба, во март позитивата беше во износ од 500 илјади евра.