Средствата со кои располагаат отворените инвестициски фондови за еден месец се зголемиле со дополнителни 11,9 милиони евра. По регистрираниот раст од 2,59 насто, нивната нето-вредност на последниот ден од ноември изнесувала 28,5 милијарди денари или 463,4 милиони евра.
Во споредба со октомври, вкупните приливи се пониски за 0,14 отсто. Станува збор за износ од 31,6 милиони евра, а еден месец претходно биле забележани 31,7 милиони евра.
Од друга страна, според податоците објавени во ноемврискиот извештај на Комисијата за хартии од вредност, одливите на средства се речиси непроменети и се на нивото од 23,5 милиони евра. Во овој сегмент има зголемување од 0,12 насто.
Како резултат од таквите движења, инвестициските фондови го заокружиле ноември со позитивна нето-разлика од 8,1 милион евра.
Аналитика








