ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови располагаат со 24,8 милијарди денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    За еден месец нето-вредноста на отворените инвестициски фондови се зголемила за 2,3 насто. На последниот ден од јуни износот е 24,8 милијарди денари. Или, 404,1 милион евра. Намалувањата регистрирани на двете страни, и кај приливите и кај одливите на средства, имале поволна завршница.

    Во јуни, според податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, во отворените инвестициски фондови се слеале дополнителни 25,87 милиони евра. За 4,41 отсто помалку споредено со мај.

    На месечна основа, одливите се пониски за 5,98 отсто. Јунската состојба е 17,69 милиони евра.

    Резултатот од таквите движења е позитивен. Отворените инвестициски фондови го заокружиле јуни со нето-разлика од 8,1 милион евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично