ПОВЕЌЕ

    ИНВЕСТИЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА и 110 ВРАБОТУВАЊА во блиска иднина најави Мицкоски

    Време зa читање: 2 минути

    Нова германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра со можност за 110 вработувања најави премиерот Христијан Мицкоски. Реализацијата ќе почне на крајот од август со изградба на објект во Општина Петровец.

    „Одлича вест за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра.

    Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

    Како што е наведено во неговиот статус, за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани.

    Премиерот посочува дека од особено значење е тоа што дел од инвестицијата е центар за истражување и развој што, според него, дава голема додадена вредност. Пред сѐ, затоа што тоа претпоставува ангажирање на високо стручни кадри.

    А, како што известија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски денес ќе има состанок со менаџментот и раководството на „Епсотех“, па и официјално ќе биде објавена нивната инвестиција во Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично