ПОВЕЌЕ

    Што треба да знаете за да имате успешно интервју преку Зум?

    Време зa читање: 2 минути

    Интервјуата во иднина ќе се извршуваат сè повеќе преку интернет. Апликациите како Skype го губат својот моментум, и сè покористени се апликациите како Зум.

    Интернет-интервјуата нудат неколку предности како можноста да останете во удобноста на вашиот дом. Сепак, лошото осветлување и несигурните интернет врски може да не ви одат во прилог. Еве неколку работи кои треба да знаете за добро да се припремите за интервју преку Зум.

    Не чекајте до утрото на вашето интервју за да започнете со подготовките. Проверете дали осветлувањето и квалитетот на звукот се добри. Спремето го вашиот простор, бидејки осветлувањето може да варира во зависност од времето на денот. Побарајте соба што нуди природна светлина. Ако не можете да пронајдете добро осветлен простор, можеби ќе треба да создадете. Експериментирајте со вештачко осветлување и пронајдете каде најдобро да ја поставите камерата за да не бидете скриени во сенка. Не заборавајте за позадината. Некои апликации за конференции ви овозможуваат да ја замаглите вашата позадина или да испратите друга слика.

    Минимизирајте ги сите непредвидени работи кои можат да се појават за време на интервјуто. Тука спаѓа куче што лае, гласни деца во позадина или ѕвонење на вашиот телефон кој може да ве преќине. 

    Откако ќе започне интервјуто, не заборавајте да гледате повремено во камера. Правете го тоа особено кога тие зборуваат, бидејќи ќе се чувствуваат како да има директен контакт со нив и ќе покажете дека сте навистина заинтересирани и слушате.

    Кога ќе заврши интервјуто, не заборавајте да испратите емаил со благодарност за можноста што ви ја укажале. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично