ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ I ИЛИЈА ИЛИЈЕВСКИ: Одговорноста не ја спречува играта на среќа, ја прави одржлива

    Време зa читање: 8 минути

    Обложувањето е начин на забава и можност за добивка низ забава. Но, не како животен стил. Потенцијалот на игрите на среќа, и добриот и лошиот, е огромен. Генерираат сериозни даночни приходи, вработуваат, двигател се на дигитални иноваци… Затоа, треба да се зборува за одговорноста, за моќта на влијание и за новата улога што оваа индустрија може да ја има во општеството, вели во интервјуто за Пари, генералниот менаџер на спортските обложувалници „Евротип“, Илија Илиевски.

    Во текот на изминатите 10 години, битолскиот бренд на спортското обложување постојано се потврдува како општествено-одговорна компанија – организира крводарителски акции, инвестира во инфраструктура на училишта, болници, поддржува проекти од интерес на заедницата,доделува стипендии на средношколци и студенти за што се потпишани и меморандуми за соработка со образовни институции и многу други проекти.Индустријата може да создава опиплива вредност за заедницата, дециден е Илијевски.

    Пари: Прва асоцијација за обложувањето е коцкањето, а тоа ја создава грдата слика за оваа дејност. Како гледате на индустријата на игрите на среќа од аспект на човек кој долги години е во овој бизнис?

    Илијевски: Во годините што доаѓаат, индустријата на игри на среќа ќе мора да одговори на едно јасно прашање:

    Дали сакаме да бидеме дел од проблемот – или дел од решението?

    Како човек кој со години го гради својот професионален и личен идентитет во оваа индустрија, верувам дека игрите на среќа не се нужно нешто негативно. Но, исто така, знам дека нивниот потенцијал, и добриот и лошиот, е огромен. Затоа мораме да зборуваме гласно: за одговорноста, за моќта на влијание и за новата улога што оваа индустрија може да ја има во општеството.

    Пари: Може ли игрите на среќа да ја имаат улогата на економски двигател?

    Илијевски: Индустријата веќе генерира сериозни даночни приходи, создава илјадници директни и индиректни работни места, и е двигател на дигитални иновации. Во „Евротип“, како водечка спортска обложувалница, активно вложуваме во технологија, мобилни апликации, дигитални платформи, системи за персонализирани понуди и реална customer support вредност. Вработуваме млади луѓе од сите струки кои тука се развиваат и унапредуваат. Воедно, изработуваат производи кои може да се продадат на сите светски пазари, особено во делот на дигитализацијата и програмирањето.

    Но, тоа не е доволно. Мораме да покажеме како индустријата може да создава опиплива вредност за заедницата. Со поддршка на домашни спортски клубови, локални ИТ партнери, соработка со универзитети, и создавање нови профили на стручњаци.

    Пари: Може ли да се зборува за одговорно обложување?

    Илијевски: Одговорноста не е избор, туку обврска. Во Евротип одговорноста кон заедницата и колективната одговорност ни е на прво место односно пред личната.

    Во време кога дигитализацијата го олеснува пристапот до игрите, наша морална и деловна обврска е да понудиме алатки за самоконтрола, едукација, системи за лимити и real-time известувања. Да ја подигнеме свеста кај играчите, но и кај јавноста.

    Не се работи само за регулативи и закони. Се работи за етика, вредности и за долгорочна визија.

    Јас, верувам дека оваа индустрија може повеќе. Повеќе за економијата. Повеќе за спортот. Повеќе за луѓето. Затоа ние во Евротип  работиме на: проекти за млади и спорт; партнерства со невладини организации за ментално здравје; Образовни кампањи и јавни настапи; градење мост помеѓу приватниот сектор, регулаторите и заедницата.

    Мојот фокус не е само на резултатите, туку и начинот на кој ги постигнуваме.

    Пари: Што значи тоа во практиката?

    Илијевски: Тоа подразбира – алатки за самоконтрола, образовни содржини и јавни кампањи и воспоставување системи за лимити, известувања во реално време и активна поддршка за играчи во ризик. Ова не се само мерки – ова се вредности. И не се прават заради закони, туку затоа што веруваме во етички раст.

    Пари: Како вие лично гледате на обложувањето ?

    Илијевски: Впрочем, кога мислиме на обложување – мислиме на начин на забава и можност за добивка низ забава. Но, не и како животен стил. Уште помалку како начин на остварување добивки ” без работа и труд” од страна на клиентите.

    Јас сум човек што верува во визија. Во тимска работа. Во тоа дека успехот не се мери само со бројки, туку и со влијание.

    Во „Евротип“ градиме култура што го спојува она најдоброто од технологијата, спортот и односите со луѓето. Тимот не работи за брендот – тимот е брендот.

    Затоа, ајде да изградиме заедничка приказна. Индустрија што не срами, туку инспирира. Индустрија што не крие, туку вложува. Индустрија што не дели, туку обединува.

    ПАРИ: Како започна вашето патување во овој простор на игрите на среќа?

    Илијевски: Моето патување започна од љубопитност и страст за стратегија, математика и однесување на луѓето. Уште од самиот почеток ме привлекуваше динамичноста на оваа индустрија – местото каде што технологијата, статистиката и емоцијата се среќаваат. Од самиот почеток, поминувајќи низ сите фази – низ backup office, од терен до стратегиско планирање, ми овозможи да го разберам бизнисот и од перспектива на играчот, и од перспектива на организаторот.

    ПАРИ: Што Ве издвојува како лидер во оваа индустрија?

    Илијевски: Јас не се задоволувам со статус кво. Секогаш се прашувам – Како може ова да биде подобро? Вложувам во анализа, иновација и во градење на тим кој размислува како бренд, а не како обична работна структура. Мојот фокус е јасен – искуството на корисникот, брзината на исплата, конкурентноста на квотите и довербата што ја создаваме на долг рок.

    ПАРИ: Кои се клучните вредности што ги пренесувате на тимот со кој работите?

    Илијевски: Принципите се едноставни, но моќни: транспарентност, брзина на одлуки, професионализам и страст. Секој во тимот треба да чувствува дека е дел од нешто поголемо. Не само дека продава услуга, туку гради лојалност, репутација и иновација. Секој ден.

    Пари: Каква е Вашата визија за иднината на индустријата на игри на среќа?

    Илијевски: Иднината ќе ја обликуваат оние што ќе најдат рамнотежа помеѓу забавата и одговорноста. Верувам во ESG принципите – во тоа да бидеме економски силни, но и социјално чувствителни. Воедно, треба да градиме компании со бизнис интегритет и чесност за долг рок. Сметам дека новите технологии како вештачка интелигенција, VR и персонализирани понуди ќе бидат двигатели на следната ера. Но, луѓето – клиентите и тимовите – ќе останат во сржта на секој успех.

    Пари: Што најмногу Ве мотивира?

    Илијевски: Успехот на оние околу мене. Кога ќе видам дека некој од тимот расте, дека клиент ни верува и се враќа, дека сме постигнале нешто што конкурентите не успеале – тоа ме исполнува. Јас сум играч по природа, но стратег по одлука. Ме мотивира борбата за прво место, но со стил, фер-плеј и долгорочна визија.

    Пари: Која порака би ја испратиле до институциите, јавноста и до сите кои имаат сомнеж во добрите страни на обложувањето и игрите на среќа?

    Илијевски: За крај би кажал – индустријата за игри на среќа нема потреба да се оправдува, туку да се трансформира односно континуирано да се подобрува.Сакам да потенцирам дека имаме една од најдобрите регулативи.

    Имаме ресурси, знаење и влијание, но дали ќе ги користиме за моментален профит или за долгорочна вредност, зависи од нас.

    Би посочил дека е потребна поголема комуникација со институциите на системот, посебно со законодавачот и со сите останати инволвирани во игрите на среќа. Сѐ со цел нашето искуство од работењето да можат соодветно да го искористат, да градиме win-win стратегии за сите во делот на одржливоста, како и подигнување на свеста на играчите. Игрите на среќа да ги подигнеме на ниво на забава, а не на поттикнување на општествени проблеми и оштетени семејства.

    Мојата порака е јасна: Одговорноста не ја спречува играта. Ја прави одржлива на долг рок.

    Ако сакаме да бидеме релевантни и утре, мора денес да покажеме карактер како луѓе, како компании, како индустрија. Токму затоа низ целиот разговор најголемиот акцент го ставам на одговорноста и придобивките кои ги носи оваа индустрија во секој поглед.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    ИНТЕРВЈУ | ТОДОРОВСКИ: Од P2P инвестирање до животната филозофија на успехот

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично