ПОВЕЌЕ

    Интел ќе развива акцелератори за копање криптовалути со „1000 пати подобри перформанси“

    Време зa читање: 2 минути

    Оваа технолошка компанија со седиште во Калифорнија, која воедно е најголемиот светски производител на полупроводнички чипови според приходите, откри дека компанијата „ќе придонесе за развојот на блокчејн технологиите“ нудејќи „енергетски ефикасни акцелератори“. Извршниот директор на Интел, Раја М. Кодури, објасни дека компанијата очекува дека нејзините иновации во кола ќе испорачаат „1000 пати подобри перформанси по вати“ од денешната опрема за крипто-рударство базирана на GPU или SHA256.

    Интел се вклучува во блокчејн-технологијата

    Во петокот Кодури објави блог пост во кој се дискутираше за блокчејн технологијата и „новата прилагодена компјутерска група“. Кодури објасни дека Интел е целосно свесен дека има некои блокчејнови што „користа огромна количина енергија“. Извршниот директор на Интел рече дека клиентите на компанијата бараат технички решенија кои ќе бидат одржливи и со прилагодлива јачина.

    Интел ќе промовира отворен и безбеден блокчејн екосистем и ќе помогне да се унапреди оваа технологија на одговорен и одржлив начин“, напиша Кодури. Извршниот директор на Интел дополни дека првиот производ на компанијата ќе биде испорачан подоцна во 2022 година.

    Првите фирми што ќе добијат блокчејн акцелератор на Интел се Jack Dorsey’s Block (поранешен Square), Argo Blockchain и Griid. Кодури забележа дека Intel Labs со децении се фокусирани на „сигурна криптографија, техники на хеширање и кола со ултра низок напон“. Извршниот директор на Intel очекува акцелераторот на компанијата да има подобри перформанси по вати. „Очекуваме дека нашите иновации ќе испорачаат блокчејн акцелератор кој има над 1000 пати подобри перформанси по вати од главните графички процесори за рударство базирано на SHA256“.

    Прочитај и: БОНАНЦА-ЧИПОТ НА ИНТЕЛ НАЈАВЕН КАКО ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ЗА КОПАЧИТЕ НА БИТКОИН

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично