Иновацијата и инвенцијата многу пати се поистоветувани како слични поими, но помеѓу овие два поими постои значајна разлика, а за да се разбере таа разлика потребно е најпрво да се направи јасно разграничување на значењето на поимите.
Инвенцијата ѝ претходи на иновацијата. Инвенцијата значи пронајдок или креирање на нешто ново и оригинално (нови видови на производи, материјали или процеси) што порано не постоело.
Со други зборови кажано, инвенцијата се поврзува со измислување на нешто ново, а иновацијата со правење на нешто ново. Инвенцијата преку иновацијата добива практична примена на пазарот.
Иновацијата е процес во кој инвенцијата добива нова димензија. Таа претставува примена на нов или значајно подобрен производ или услуга, нов или подобрен процес, нови методи на работа, нова или подобрена организациска структура во компанијата.
Иновацијата според својата природа, сепак, е ризична работа. Иновацијата најчесто се гледа и се разбира како моќен начин за обезбедување на конкурентна предност и пристап со кој целта е да се сочуваат стратешки позиции на пазарот на компанијата. Сепак, иновацијата според својата природа важи за ризичен процес каде успехот не е секогаш гарантиран.
Како примери за иновација и инвенција може да се наведат:
Инвенцијата и иновацијата се особено значајни и придобивките од нивното користење влијаат врз квалитетот на работењето и живеењето на луѓето како и на економијата воопшто. Тоа е еден вид на креативност која започнува со инвенција, а се реализира како иновација.