ПОВЕЌЕ

    УНИ банка подготвува нови перпетуални обврзници – Каматата фиксни шест проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    УНИ банка ќе издаде перпетуални обврзници во износ од пет милиони евра. Пет илјади обврзници од по илјада евра. Обезбедуваат фикасна каматна стапка од шест проценти. Емисијата е по пат на приватна понуда, а средствата ќе се  користат за општи корпоративни цели. Ова се основните елементи на предлог-одлуката донесена од Надзорниот одбор, а издавањето на капиталниот инструмент треба да го одобрат акционерите на Собранието закажано за 31 јули.

    Во предлогот се наведува дека имателите на обврзницата каматата ќе ја добиваат полугодишно. Шест месеци од датумот на издавањето и потоа, на самиот датум кога е издадена обврзницата. Каматата ќе се преметува во евра, а ќе се исплаќа во денари согласно средниот курс на Народната банка, што ќе биде важечки на денот на исплатата.

    Обврзниците не се гарантирани, односно не се покриени со друг вид обезбедување. Како што е наведено, овие хартии од вредност се некумулативни, неконвертибилни, преносливи, субординирани, необезбедени, трајни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично