Војната со Иран ја зголеми годишната инфлација во САД за 3,3 насто. Индексот на потрошувачки цени, според извештаите, во март е за 0,9 процентни поени повисок во однос на февруари, што претставува најголем месечен раст од мај 2024 година.
Најголемиот притисок врз цените доаѓа од нафтата, која во текот на месецот често надминуваше 100 долари за барел, поради несигурноста и ограничувањата на транспортот низ Ормутскиот теснец, клучна рута за околу 20 отсто од светската нафта.
Енергетскиот сектор во САД забележува раст на цените од 10,9 насто, додека бензинот е поскап за 21,2 насто. Просечната цена на горивото надмина 4 долари по галон, што е речиси еден долар повеќе во однос на истиот лански период. Меѓутоа, во некои сојузни држави цените се уште повисоки, во Калифорнија достигнуваат 5,91 долар по галон, а во Флорида се 4,09 долари.
Овие движења имаат поширока рефлексија: повисоките трошоци за авионско гориво ги зголеми цените на авио-билетите за 2,7 насто; а кај струјата има раст од 0,8 проценти. Сето тоа, пак, влијае врз цените на храната (+1,9 % на годишно ниво) и на услугите, односно врз куповната моќ на жителите на САД. Експертите предупредуваат дека ваквиот тренд може да продолжи, доколку не се стабилизира геополитичката состојба.
(Фото: Freepik)
Аналитика








