ПОВЕЌЕ

    Индустријата со намален промет во април

    Време зa читање: 2 минути

    Вкупниот промет во индустријата бележи пад во април – месечен за 11,6, четиримесечен за 8,7 и годишен од 7 проценти. Според Државниот завод за статистика, индексите се 88.4, 91.3 и 93.0. Намалениот промет е карактеристичен за странските пазари, додека на домашен терен е забележано зголемување.

    Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април, а во однос на истиот месец лани има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 %. Опаѓање е регистрирано кај Капитални производи – за 23,2 %.

    На домашниот пазар годишниот индекс на прометот во индустријата е 108.7, односно тука има зголемување за 8,7 проценти. Според главните индустриски групи, пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,4 %. Намалување има кај Капитални производи за 6,2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,5 %.

    Месечниот индекс во овој сегмент е 101.2, што претставува позитивно движење од 1,2 насто. А, од јануари до април споредено со ланскиот период, зголемувањето е за 2,3 проценти, или индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар е 102.3.

    Што се однесува до странските пазари – годишниот индекс е 89.0, што упатува на пад од 11 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 13,0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 %. Опаѓање е евидентирано кај Капитални производи за 23,5 %.

    На месечно ниво, април во однос на март, намалувањето е за 15,4 проценти (индексот е 84.6), а за јануари – април во однос на споредбениот минатогодишен период 2024 година, статистичкиот индекс е 88.5, односно има пад од 11,5 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично