ПОВЕЌЕ

    Индустријата со намален промет во јануари

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари, а во однос на истиот месец од минатата година изнесува 87.2.

    Податоците на Државниот завод за статистика, од аспект на главните индустриски групи, покажуваат дека вкупниот промет во индустријата за една година се намалил кај интермедијарни производи, освен енергија за седум и кај капитални производи – за 25,1 отсто. Раст бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за осум насто.

    Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2024, споредено со декeмври 2023 изнесува 85.8.

    Индексот, пак, на прометот во индустријата на домашниот пазар, на годишно ниво изнесува 102.5, што значи зголемување за 2,5 проценти.

    Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во првиот месец од годинава бележи раст кај капитални производи за 34,3 и нетрајни производи за широка

    потрошувачка за 4,5 насто. Пад е регистриран кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 и кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто.

    На месечно ниво индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар е 71.2.

    На странските пазари индексот е 83.2, кога се споредува јануари 2024 со јануари 2023. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,7 и капитални производи за 26,5 проценти. Раст има кај трајни производи за широка потрошувачка за три и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,7 насто.

    Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година изнесува 91.0.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично