ПОВЕЌЕ

    Индустријата со 1,7 проценти повеќе работници во март

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бројната состојба на работниците во индустријата за една година е зголемена за 1,7 проценти. Тримесечниот раст од јануари до март, а во споредба со минатогодишното тримесечје е 1,9 насто.

    Или, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2024, во однос на март 2023 година, изнесува 101.7. А, пак, кварталниот индекс е 101.9.

    Во секторот рударство и вадење на камен во третиот месец од годинава е забележан годишен раст од 5,6 насто, во преработувачката индустрија  од 1,5 и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – од 0,7 насто.

    Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај енергија за 4,3 проценти, кај капитални производи за 16 и кај трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 насто. Пад е евидентиран кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично