Индиската економија постојано расте брзо, толку брзо што во следните две-три години би можела да достигне вредност од пет илјади милијарди долари, а до 2030 година дури 10 илјади милијарди, изјави министерот за енергетика Хардеп Синг Пури.
Во моментов вреди околу 2,8 илјади милијарди долари, што значи дека за такви резултати треба многу интензивен раст. Сепак, економскиот раст е нешто на што се навикнати Хиндусите – оваа земја бележи голем раст на производството и извозот, но и инвестициите во трансформација на животниот стил и бизнис, што најдобро се гледа преку остварувањето на еколошките цели поставени со Парискиот договор.
Од минатогодишното економско забавување, кое го погоди светот, Индија успеа многу брзо да се опорави, што секако е типично за земјите кои почнуваат од ниска почетна база. Според некои проценки, растот на нејзината економија во вториот квартал од 2021 година ќе биде над 20 отсто. Само нејзината берза порасна за 250 проценти од март 2020 година.