ПОВЕЌЕ

    Индиец стана побогат од Ворен Бафет

    Време зa читање: 2 минути

    Мукеш Амбани, индиски бизнисмен кој е најбогат човек во Азија, го надмина американскиот инвеститор Ворен Бафет во богатство.

    Амбани сега има 80 милијарди американски долари и е шестиот најбогат човек во светот. Оваа година, неговото богатство се зголеми за 21 милијарди долари.

    Амбани контролира 42 проценти од компанијата „Reliance Industries“, сопственик на најголемиот комплекс во рафинирање на нафта во светот. Други активности на конгломератот со седиште во Мумбаи се безжична мрежа 4G низ Индија.

    Милијардерот поседува и станбен објект вреден повеќе од 400 милиони американски долари и професионален тим за крикет во Мумбаи.

    Домот на семејството Амбани во Мумбаи

    Бафет има 79 милијарди американски долари и во моментов е седмо најбогато лице. Неговото богатство е намалено за околу 10 милијарди долари оваа година.

    Илон Маск се најде на 4-то место

    Интересно е и тоа што Елон Муск стана 4-та најбогата личност на светот. Неговото богатство достигна 90 милијарди долари, по дополнителни 5 милијарди долари.

    Од почетокот на годината, неговото богатство се зголеми за дури 62 милијарди долари, сето тоа се должи на растот на акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“.

    Маск сега го помина Французинот Бернар Арнаут, сопственик на конгломерат за продажба на луксузни производи, кој падна на 5-то место, а кој во моментов има нешто повеќе од 83 милијарди долари. Тој загуби околу 21 милијарди од почетокот на годината.

    Трите најбогати луѓе во светот се Џеф Безос, Бил Гејтс и Марк Закерберг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично