Какви се индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи за јуни, 2020?

Време зa читање: 2 минути

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.1 % на месечно ниво, а се повисоки за 0.1 % на годишно ниво.

Во јуни 2020, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.8 %,  додека  во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.3 %.

Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11.4 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.2 %.

Преземи го соопштението во целост
   Преземи табели

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично