Серија твитови испратени од милијардерот Илон Маск преку ноќ го зголемија тргувањето со ривалот на биткоин, Dogecoin, за повеќе од 50 проценти, пренесува Гардијан.
Првиот во низата твитови беше само еден збор: „Доџ“. Ова беше проследено со други твитови за криптовалутата, со кои се тргуваше по цена од 5 центи на почетокот на денот во четвртокот, во споредба со околу 3 центи пред неговите твитови.
„Dogecoin е крипто за луѓето“, објави на Твитер.
„Нема скокови, нема падови, само Доџ“, објави твитер подоцна.
Ова не е прв пат Маск да ја зголемува вредноста на акциите со твитови за Dogecoin, бидејќи на 20 декември со твит во кој напиша Еден збор: Доџ, тој ја зголеми вредноста на таа криптовалута за 20% и стана главна тема на Твитер.
Маск претходно беше критичен кон далеку поскапите криптовалути како што е Биткоин. Но, во едно интервју во неделата во социјалната апликација Клабхаус, Маск рече дека требало да ја купи дигиталната валута пред осум години.
„Во моментов, мислам дека биткоинот е добра работа. „Доцнам на забавата, но сум поддржувач на биткоинот“, рече тој.
Тој очигледно е решен да не доцни на забавата на Догекоин, пишува Гардијан.