ПОВЕЌЕ

    Илиевски купи 214 акции од „Аутомакедонија“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Игор Илиевски, генералниот директор на „Аутомакедонија“ АД Скопје се стекна со 214 обични акции издадени од компанијата.

    За стекнување сопственост на акции на член на Управен одбор, од Групацијата известија преку објавата на Македонска берза.

    „Аутомакедонија“ се смета за основоположник на автоиндустријата во Македонија, која успешно опстојува повеќе од 75 години. Според финансиските извештаи за работењето, минатата година компанијата ја заврши со нето добивка во износ од 24,5 милиони денари. Илиевски, пак, е генерален директор од крајот на 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично