ПОВЕЌЕ

    Икс на Илон Маск воведува опција за директни плаќања меѓу корисниците

    Време зa читање: 2 минути

    Платформата за социјални медиуми X на Илон Маск, порано позната како Твитер, објави дека ќе започне со директни плаќања помеѓу корисниците, таканаречени peer-to-peer, во текот на оваа година.

    X објави дека плаќањата ќе овозможат „поголема искористеност на кориснички можности и можности за трговија“ бидејќи платформата работи на „револуционизирање на 2024 година“. Објавата на блогот не понуди конкретни детали за тоа како ќе функционираат плаќањата или кога тие официјално ќе започнат.

    Компанијата не понуди конкретни детали за тоа како ќе функционираат плаќањата или кога тие официјално ќе започнат.

    Маск се залагаше да го трансформира X во „апликација за сè“, каде што корисниците можат да извршуваат различни функции, од објавување до управување со финансии.

    Според веб-страницата на Nationwide Multistate Licensing System, X Payments LLC – подружницата за плаќање на X – досега има добиено лиценци за пренос на пари само во 14 држави.

    Воведувањето на peer-to-peer трговија на платформата ќе ја означи најновата голема промена на X откако Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари кон крајот на 2022 година. Маск, кој е и извршен директор на Tesla и SpaceX, се залагаше за трансформирање на X во „апликација за сè“, каде што корисниците можат да извршуваат различни функции, од објавување до управување со финансии.

    Во објавата на X во јули, Маск рече дека компанијата планира да додаде „сеопфатна комуникација и способност да го води целиот финансиски свет“. Месеци порано, X воведе функција во партнерство со eToro, компанија за социјална трговија, која им овозможува на корисниците пристап до криптовалути, акции и други видови финансиски средства.

    Компанијата најави, исто така, дека ќе воведе повеќе оригинални содржини, ќе продолжи да инвестира во создавачи и партнерства за содржини и ќе ги зајакне рекламите оваа година, според блогот од вторникот. „X не е само уште една апликација – таа станува апликација за сè, беспрекорно обединувајќи ги искуствата во еден интерфејс, за секого“, напиша компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично