Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност минатата недела регистрираше нетрговски трансфери со опфат на 2.261 акција, издадени од 11 друштва кои котираат на Македонска берза. Најголемата активност е забележана во вторникот, со 1.095 акции.
Три дена по ред се трансферирани хартиите од вредност на Комерцијална банка: прво 76, потоа пет и во четвртокот уште 37. Вкупно 118 обични акции. Последната просечна вредност на оваа акција е 28.744,89 денари.
Во два наврати е вршен пренос на акциите на две компании, едната фармацевтска, другата градежна.
Сопственоста е променета кај 311 акции на Алкалоид (115 и 196). Нивната единечна вредност, според состојбата од 16 мај е 26.872,50 денари.
Акциите на Гранит се и најбројни во минатонеделните трансфери – вкупно 940. Во вторникот се евидентирани 740, а во петокот 200. Имаат просечна цена од 1.800 денари.
Исто така, подарени се и 355 обични акции (просечна цена 9.501 денар) на Македонија турист и 290 (441,22 денари) на Македонски телеком.
Пренос е направен и на 64 акции издадени од ЖАС АД Скопје и на 56 со знакот на Макпетрол. По девет акции во трансферите се на РЖ Интер-Трансшпед и на Уготур АД Скопје, а една акција е од Цементарница Усје.
Единствените приоритетни акции, 108 на број, се на Стопанска банка Скопје.