ПОВЕЌЕ

    И ХРВАТСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ СИ ГИ КАЧИЈА ПЛАТИТЕ: Платата на премиерот Пленковиќ ќе биде 5.535 евра, на пратениците од 3.500 до 4.000 евра

    Време зa читање: 3 минути

    За речиси 2.500 евра се зголемуваат платите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на претседателот Зоран Милановиќ. Првиот ќе добие 5.535 евра, вториот 6.074 евра. Почнувајќи од јули, за 60 до 70 проценти ќе бидат повисоки и примањата на 270 функционери. Владата на Хрватска ќе го овозможи драстичното зголемување на денешната седница.

    Основната плата ќе се зголеми на 947 евра бруто, наместо 516 евра колку што беше претходно. Тоа е зголемување од 83 проценти, пишуваат хрватските медиуми. А, по зголемувањето на основицата, наесен ќе се утврдуваат коефициентите што ќе резултира со раст на платите за повеќе од 60 проценти.

    Освен на премиерот, повисоки плати им следуваат на хрватскиот претседател, на министрите, на пратениците, државните секретари, на уставните судии и на сите државни функционери.

    Еве како ќе изгледаат нето платите на највисоките хрватски функционери, по покачувањето: Зоран Милановиќ (претседател): 6.074 евра нето (стара плата 3.600 евра нето), Андреј Пленковиќ (премиер): 5.535 евра нето (стара плата 3.263 евра нето), Гордан Јандроковиќ (претседател на парламентот): 5.314 евра нето (стара плата 3.113 евра нето), Марко Приморац (вицепремиер): 4.776 евра нето (стара плата 2.769 евра нето), Дамир Хабијан (министер): 4.167 евра нето (стара плата 2.357 евра нето)
    Со оглед дека станува збор за нето износи, тоа значи дека за нивните плати ќе се издвојуваат значително повеќе од буџетот.

    Платите на повеќето пратеници треба да се движат меѓу 3.500 и 4.000 евра нето.

    Потегот, Пленковиќ го базира на тоа дека основицата на фунционерските плати со години не е менувана. „Сега сме во позиција, по годините на создавање предуслови за економски раст и за раст на минималните и просечните плати, како и растот на БДП, по сето тоа да го ставиме и ова на дневен ред“, вели Пленковиќ.

    И, најавува, ова е само првиот чекор.

    „Време е и тие кои излегуваат на избори да имаат соодветно платена работа. Ова е само првиот чекор, подигање на основицата на нивото што постои за јавните службеници, а министерот за финансии ќе работи на нова законска рамка за платите на функционерите, бидејќи и таа работа треба да биде адекватно платена. Ова го правиме за да ги привлечеме луѓето да се занимаваат со политика и тоа е една антикорупциска мерка“, тврди хрватскиот премиер и додава дека за ова има поддршка од парламентарното мнозинство.

    Во спредба со функционерите од земјите на ЕУ и по ова ќе имаме најниски плати, вели Пленковиќ.

    „Ова го правиме долгорочно бидејќи демократијата е флуктуирачки процес. Не сме тука од вчера, ова е веќе трет мандат и колку и да е лоша перцепцијата кај некои луѓе за политиката, тоа не е лесна работа. Ако прашате некои што се занимаваат со какво било управување, ќе кажат дека овие плати се лоши. Ќе ги издржиме овие критики и ќе презентираме аргументи зошто е тоа неопходно“, вели Пленковиќ.

    Хрватска, се чини, го следи примерот на Македонија. Платите на нашите над илјада функционери од лани се повисоки за 78 проценти. Оттогаш наваму јавноста постојано упатува критики. Критикуваше и тогашна опозиција, која сега од позиција на власт има шанса да направи промена на коефициентите. И да ги направи потребните седум законски измени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично