Hyundai напредува во развојот со летачките автомобили и верува дека од 2025 година ќе може да се започне со користењето на летачкото такси .
Смелите предвидувања ги откри директорот за глобални операции на Hyundai и Северна Америка на Hyundai, кој рече дека комерцијалните летови можат да бидат воспоставени до 2025 година. Тоа е порано од претходното предвидување, што укажува дека Hyundai може да има летачко такси на големите американски аеродроми до 2028 година.
Летечките такси возила што Hyundai претходно ги покажа, беа всушност квадхоптери со батерии, а компанијата неодамна објави инвестиција од 7,4 милијарди долари во САД за производство на електрични возила и решение за паметна подвижност, вклучувајќи ги и летачките автомобили.
Базата на Hyundai за сообраќајни технолошки операции се наоѓа во Вашинтон, но ваква инфраструктурата се планира да се отвори и на други места, како што е на пример аеродромот за патнички беспилотни летала во Велика Британија.
Додека некои веруваат дека тоа е технологија на далечна иднина, Муноз рече дека Hyundai не сака да задоцни. Се предвидува дека пазарот за урбаната мобилност на авијацијата може да вреди до трилион долари до 2040 година.
„Кога станува збор за технологијата од иднината, никогаш не е прерано. Пионерите се победници “, беше јасен Муноз.
Компанијата не само што сака да ги продава летачките такси автомобили, туку верува дека и бизнис моделот вклучува развој на услугите за управувањето на летачки автомобили за транспорт на комерцијалниот товар.