ПОВЕЌЕ

    ХУМАНОСТ НА ДЕЛО – Вработените од „Аџибадем Систина“ даруваа 189 единици крв

    Време зa читање: 2 минути

    Во духот на општествената одговорност и хуманоста, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ успешно реализираше две крводарителски акции, кои се реалзираа на 9.7 и 10.7.2025 година.

    Со силна поддршка од целиот персонал, кој уште еднаш покажа дека медицинската професија не е само работа, туку и начин на живот исполнет со грижа, емпатија и посветеност, беа собрани 189 единици крв. Оваа бројка на крвни деривати претставува значителен придонес за националните резерви на крв и е доказ за посветеноста и хуманоста на тимот на болницата.

    Како општествено одговорна компанија, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ веќе 15 години организира и поддржува крводарителски акции, препознавајќи ја нивната значајна улога во здравствениот систем. Од болницата информираат дека првата акција била организирана во 2010 година, по што континуирано се одржуваат неколку крводарителски акции годишно.

    Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ велат дека и понатаму ќе останат активен партнер на Општинската организација на Црвениот крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, во хуманитарни иницијативи со цел поддршка на здравствениот систем и помош за што поголем број пациенти на кои им е потребна крв.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично