ПОВЕЌЕ

    НОВ ДАНОК НА ЕКСТРА ПРОФИТ – Хрватска еднократно ќе ги оданочи компаниите околу 30 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави воведување данок на дополнителна добивка во таа земја. „Законот за дополнителен данок на доход го испраќаме на јавна расправа. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе им помагаат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека овој вид данок би бил солидарен придонес“, рече Пленковиќ на владината седница, додавајќи дека „не се работи за казнување на оние кои се успешни“.

    Министерот за финансии Марко Приморац на прес-конференција ги презентираше деталите од предложениот закон, наведувајќи дека данокот првенствено е наменет за прераспределба на добивката на даночните обврзници кои ќе остварат значително повисоки нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек, пишува порталот dnevno.hr. Тој потсети дека во хрватскиот систем за оданочување на добивка веќе има две стапки и два прагови, а со новиот данок, во оваа кризна ситуација, де факто се воведува уште еден праг и друга стапка.

    „Оние чии приходи се повеќе од 300 милиони куни (39,7 милиони евра) ќе плаќаат екстра данок на добивка. Ќе имаат стапка на данок на добивка од 18 отсто, а дополнителен данок кој ќе зависи од нивото на добивка во 2022 година, што ќе биде 20 отсто над просекот за последните четири години“, рече Приморац. Според неговите зборови, кога се се собира, ако нечиј профит во 2022 година, на пример, се зголеми за 50 отсто во однос на четиригодишниот просек, неговата ефективна даночна стапка би била 24 отсто, а за некој чија добивка се зголемила за 100 отсто во однос на последните четири години ефективната даночна стапка ќе биде околу 30 проценти.

    „Во оваа кризна ситуација, кога сите треба да понесат дел од товарот на кризата, сметаме дека предлогот за таков данок се заснова на принципите на еднаквост и правичност“, рече Приморац, додавајќи дека новиот данок се однесува на сите деловните субјекти, не само енергетскиот сектор.и да опфатат околу 200 најголеми бизнисмени.

    Вкупните даночни приходи, прецизираше, би биле две милијарди куни (околу 265 милиони евра). Тој нагласи дека средствата од данокот на екстра добивка „ќе се користат исклучиво за помош на најзагрозените, а не за полнење на државниот буџет“.

    Приморац рече и дека ова е еднократен данок за 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично