ПОВЕЌЕ

    Хрисула Кутуди нa челната позиција во Стопанска банка Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    За нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје е именувана Хрисула Кутуди, професионалец со долгогодишна успешна кариера во доменот на банкарството.

    „Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 36/2025 од 01.04.2025 год. и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-18019/13 од 26.8.2025, г-ѓа Хрисула Кутуди се именува за претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје –генерален извршен директор“, се наведува во информацијата споделена преку Македонска берза.

    Иако кон колективот на Стопанска банка се приклучила годинава, Кутуди зад себе има повеќедецениско работно искуство во финанскиски сектор. Пред сѐ, во Националната банка на Грција, каде што работи од 1993 година и достигнува до позицијата помошник генерален директор за Специјализирани решенија – Банкарство на мало. И, од каде што професионалната патека ја продолжила во Стопанска банка. Во меѓувреме, во NBG извршувала функции во корпоративно банкарство, проектно финансирање, кредитна анализа и управување со нефункционални кредити.

    Од нејзината биографија објавена на веб-страницата од Стопанска банка, може да се прочита дека е добитник на две награди: специјална награда за трансформација на NBG за иновации и развој во 2024, како и на наградата за трансформација за иновации во 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично