ПОВЕЌЕ

    Хотелите и рестораните му носат профит на „Македонијатурист“

    Време зa читање: 2 минути

    Со добивката од над 914 илјади евра остварена за шест месеци, „Македонијатурист“ е на добар пат до крајот на годинава да го надмине ланскиот профит од над 1,5 милиони евра. Или, хотелските и ресторанските услуги на ова акционерско друштво му обезбедиле чиста добивка од 56,35 милилони денари.

    Во текот на полугодишното работење компанијата ги зголемила приходите за 15 проценти и тие достигнуваат износ од 211,92 милиони денари (3,4 милиони евра).  Приходите од продажбата имаат трипроцентно намалување и како што е посочено во финансискиот извештај – вкупните трошоци и расходи од работењето за шесте месеци од 2024 изнесуваат 153,22 милиони денари (речиси 2,5 милиони евра) и се зголемени за 8 проценти во однос на 2023 година.

    Исто така, наведуваат од „Македонијатурист“, финансиските показатели – степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност – се на мошне високо ниво.

    Компанијата постојано работи на реновирање и на модернизација на хотелските и ресторанските капацитети, па во овој период во тоа се инвестирани 9.963.378 денари. Ваквите активности продолжуваат и понатаму.

    За тоа како работи „Македонијатурист“ на Доне Таневски показател се и берзанските движења. Побарувачка за акциите има, а просечната цена на последниот ден од минатонеделното тргување е 7.350 денари.

    Инаку, во составот на „Македонијатурист“ се хотелите „Холидеј ин“, „Турист“, „Карпош“, „Јадран“, „Бристол“, „Белви“ и „Водно“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично