ПОВЕЌЕ

    Како хотелите ги добиваат ѕвездичките?

    Време зa читање: 3 минути

    Рецепција отворена 24 часа, портир или личност задолжена да ви го паркира возилото, како и личност која ќе ви ги однесе куферите во соба. Во собата да ве чека свежо цвеќе или подарок за добредојде. А треба да има сеф и брз интернет, бањарки и средства за лична хигиена. Но и сервис за пеглање кој ќе ви ја подготви облеката за максимум 1 час. Ова се само дел од спецификите кои треба да ги има македонски хотел за да „заслужи“ пет ѕвезди. А впечатокот кој ќе го остави за вашите барања треба да биде „највисок“ за разлика од хотелот со 4 ѕвезди каде треба да биде „висок“.

    „Аналитика“ веќе објави дека според последната категоризација на Министерството за економија во земјава има категоризирано 197 хотели, од кои 20 хотели се со 5 ѕвезди. Но кој ги дава ѕвездите на хотелите и има ли простор за субјективни оценки?! Од Министерството за економија велат нема простор за субјективизам – посебна комисија од 13 члена од разни институии ја прави оценката која има фотографски документиран материјал, а крајниот „амин“ го дава Владата.

    „Извештајот, се усвојува и потпишува од страна на сите членови на Комисијата и истиот се доставува до Министерството за економија во рок од 3 дена од денот на неговото усвојување.

    Врз основа на Извештајот, Министерството за економија најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на Извештајот го доставува истиот до Владата со предлог Решение за утврдување категорија на угостителскиот објект.Владата, донесува решение за утврдување категорија на угостителскиот објект, со период на важност од три години. Имајќи го предвид горе наведеното, може најодговорно да се укаже дека нема место за субјективизам“- велат од Министерството за економија.

    Условите пак за добивање на Категоризација се пропишани во Правилникот за категоризација кој од Министерството велат де е усогласен со Евроските правилници.

    „Условите пропишани во правилникот се прецизно укажани како за хотели со 1,2, 3, 4 или 5 звезди. За комисијата одлучувачки е самата конструкција на хотелот, местото каде се наоѓа, бројот на соби и другите содржини (базени, сали за состаноци, фитнес центри и др) начинот како е опремен како и самата услуга во објектот.“- велат од Министерството за економија.

    А во Комисијата пак за категоризација на угостителски објекти составена од 13 члена има по тројца претставници од Министерството за економија, од Канцеларијата на претседателот на Владата, по еден претставник од Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, од Министерствата за финансии, за транспорт и врски, за животна средина, од култура, како и по еден претставник од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и од Државниот пазарен инспекторат.

    Во правилникот пак се пропишани 270 критериуми со посебен број на бодови кои можат да ги „заработат“ хотелите. За хотел со 5 ѕвезди мора да се исполнети минимум 120 критериуми, односно збирот на бодовите да биде минимум 570 , а ако сака да биде „супериор“ мора да има 650 бодови.

    А статистиката на ресорот економија покажува дека земјава има дури 73 хотели со 4 ѕвезди, 62 со три ѕвезди, 35 со само две ѕвезди и 7 угосителски објекти со една ѕвезда.

    Еве ја листата на хотелите во земјава категоризирани дека ги исполнуваат условите за 5 ѕвездички:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично