ПОВЕЌЕ

    Хотели- Метропол лани работел со загуба од 464.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемата охридска хотелиерска компанија лани работеше со загуба.

    Хотели – Метропол А.Д. Охрид минатата 2020 година во своето работење оствари негативен финансиски резултат искажан во нерeвидираниот Биланс на успех.

    Приходи од работењето на Хотели – Метропол А.Д. Охрид за 2020 година изнесуваат 79.353 илјади денари и истите гледано споредбено со 2019 година се намалени. Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 59.357 илјади денари што покажува намалување  за  72 % во однос на 2019 година, останатите приходи во износ од 19.996 илјади денари се  енормно зголемени во однос со истите од минатата година како резултат на користење на финсиска помош за справување со глобалната пандемија. Финансиските приходи се намалени во однос на 2019 година и изнесуваат 1.012 илјади денари.

    Расходите од работењето во износ од 107.524 илјади денари, се намалени за 37% во однос на расходите во 2019 година. Најголемо учество во вкупните расходи од 46,1% имаат трошоците за вработени во износ од 49.570 илјади денари, кои споредбено со 2019 година се намалени за 24%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 21.999 илјади денари се  значајна ставка во расходите со 20,46% учество во вкупните расходи, кои во однос на 2019 година се намалени за 63%. Финансиските расходи бележат опаѓање во однос на истите од претходната година.

    Хотели- Метропол А.Д. Охрид во 2020 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи нето загуба од 28.512 илјади денари како една од дејностите најпогодени од светската пандемија со COVID-19.

    Во 2020 година не е извршена распределба на добивка за дивиденда.

    Вкупните обврски по кредити на Хотели- Метропол А.Д. Охрид се од краткорочен и долгорочен карактер и истите претставуваат 6,65% од средствата на друштвото.

    Исполнување на планот

    И покрај предвидувањата кои минатата година се направија на почетокот на годината за намален обем на работење, никој не можеше да направи соодветни проекции како ќе се одвива пандемијата, кои здравствени протоколи ќе се воведуваат и како сето тоа ќе има удел во севкупното работење. Менаџерските одлуки мораа да се базираат на кратки рокови со цел на што помали загуби во работењето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично