ПОВЕЌЕ

    Студија на Харвард: Пет едноставни навики кои ќе ви го продолжат животот за 10 години

    Време зa читање: 4 минути

    Триесер годишна студија на Харвард ги открива петте едноставни навики што можат да ви го продолжат животот за 10 години или повеќе.

    Американците имаат многу пократок животен век во споредба со скоро сите други земји со високи примања, според Националниот центар за здравствена статистика. Најновите податоци откриваат дека луѓето во САД може да очекуваат да живеат во просек 78,7 години. Тоа ги става Американците далеку зад просечниот животен век на Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД од 80,3 години. (ОЕЦД вклучува група развиени земји како Канада, Германија, Мексико, Јапонија и Франција.)

    Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ кои во просек живеат 81 година, покажува истражување на Еуростат.

    Студија од 2018 година на Универзитетот Харвард откри пет навики кои можат да го продолжат животот на една личност до една деценија или повеќе.

    Резултатите покажаа корелација помеѓу здравото однесување и кардиоваскуларните проблеми: Жените и мажите кои одржуваа најздрав начин на живот имаа 82% помали шанси да починат од кардиоваскуларни болести и 65% помалку шанси од карцином.

    Согласно студијата одржувањето на овие пет навики може да додадат до 10 години или повеќе во животот на една личност:

    1. Практикувајте здрава исхрана

    Ова не е толку лесно како што звучи, особено кога се грижите за работата, семејството и социјалните обврски. Можеби е примамливо, на пример, да земете брз храна на паузата за ручек или да нарачате доцна навечер.

    Но, неодамнешното истражување објавено во британското списание „Лансет“ откри дека лошата исхрана е резултат на една од петте смртни случаи. Исто така, може да доведе до проблеми како висок крвен притисок и дијабетес. Добрата исрхрана според истражувачите, содржи минимално преработена храна, житарки, зеленчук, овошје, ореви и сите природен извор на протеини (т.е. риба и грав).

    Ако сериозно размислувате за промена на навиките во исхраната, може да се консултирате со нутриционист. Но, за инстант инспирација, се препораува диетата на Ричард Бренсон, кој јаде мусли и овошна салата за појадок секој ден.

    2. Вежбајте секојдневно

    Апсолутно е важно да одвоите време за вежбање. Дури и најуспешните светски деловни лидери, како Опра Винфри, Шерил Сандберг и Бил Гејтс, практикуваат физичката активност како секојдневен приоритет.

    Една студија од Националниот институт за рак, откри дека само мали количини на дневно вежбање може да го продолжи животниот век за дури 4,5 години. Главната идеја е да се избегне неактивност, што може да биде проблем за оние кои се над 8 часа на работно место. Неколку решенија: Набавете стоечка маса, одете на состаноци со пешачење или посветете 30 минути време во теретана пред или после работа.

    3. Одржувајте здрава тежина

    Според студијата на Харвард, „контролата на телесната тежина значително го намали ризикот од дијабетес мелитус, кардиоваскуларни фактори на ризик и рак на дојка“.

    „Здравата“ тежина варира од личност до личност, но Националниот институт за срце, белодробни и крвни клетки (NHLBI) укажува дека индексот на телесна маса (BMI) помеѓу 18,5 и 24,9 се смета за здрав. На следниот линк може да го пресметате вашиот BMI.

    Студија објавена во Интернационалниот весник за дебелина покажа дека оние кои поретко ја следат својата тежина имаат поголема веројатност да се здебелат. Започнете да ја гледате скалата како алатка за да останете во здравиот опсег на потребна тежина.

    4. Ограничете го внесот на алкохол

    Тешко е да се конзумирање на алкохол – по појавата на  „среќен час“ во пабовите, за време на коктели, социјални излети и сл.  Алкохолот има многу лоши страни, што може да се додаде до појава на рак на дојка, дебело црево, хранопровод.

    Иако може да биде тешко да се умери внесот на алкохол имајте на ум дека публикацијата „Упатства за исхрана“ на американската влада го дефинира „умереното пиење“ како еден чаша за жени на ден и два за мажи. Еден еквивалент на алкохолен пијалок е дефиниран тој кој содржи 14 грама (0,6 мл) чист алкохол.

    Но, целосно избегнување на алкохол ве става во добро друштво на Ворен Бафет, 88-годишен милијардер.

    5. Не пушете

    Здравствените ризици од пушењето станаа се поочигледни и глобално се прават се повеќе напори да се предупредат луѓето за опасните несакани ефекти.

    Тоа не значи дека ќе биде лесно да се ослободите од оваа лоша  навика, но вашето тело ќе ви се заблагодари на долг рок.

    Поранешниот претседател Барак Обама беше еден успешен лидер кој престана да пуши преку гума за џвакање од „Никорет“. Тој се откажа од оваа навика додека беше на функцијата и тврдеше дека не пуши од  2017 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично