ПОВЕЌЕ

    ХАЛК БАНКА СЀ ПОВЕЌЕ Е ИЗБОР БРОЈ ЕДЕН на новооснованите компании

    Време зa читање: 4 минути

    Пред крајот на годината, порталот Пари сумира која банка им беше омилена на новоотворените компании. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека во годината што ја оставаме зад нас, во тесна трка за нови правни клиенти биле Халк банка и НЛБ банка.

    Новите податоци што ги презентираме се за октомври и ноември, а тие покажуваат водство на Халк банка. Од вкупно отворени 1.192 правни субјекти во овие два месеци, 278 фирми ја избрале за своја матична банка Халк банка, или 23,3 отсто од компаниите. Веднаш зад овој избор е НЛБ банка, за која се определиле 246 фирми, или 20,6 отсто од компаниите. На третото место е Комерцијална банка со 196 фирми, или со застапеност од 16,4 проценти, на четвртото место е Стопанска банка ‒ Скопје со 134 нови коминтенти, што е удел од 11,2 отсто, и на петтото место е Шпаркасе банка, која добила 73 нови клиенти ‒ правни лица, што е 6,1 отсто од вкупниот број на отворени сметки кај матична банка на новооснованите компании.

    ТОП 5 БАНКИ – ИЗБОР НА НОВООТВОРЕНИ ФИРМИ

    (октомври и ноември 2022 година)

    БанкаНовоотворена фирма ‒ клиентУдел во отворени сметки на нови фирми
    Халк банка27823,3 %
    НЛБ банка24620,6 %
    Комерцијална банка19616,4 %
    Стопанска банка13411,2 %
    Шпаркасе банка73 6,1 %

    Извор: БизнисМрежа

    Како што може да се види од табелата, над 77 проценти од компаниите што почнале со работа, сметка отвориле во една од овие 5 банки. Тоа е и очекувано, ако се земе предвид дека банките се во групата големи банки. Според податоците од Народната банка, во групата големи банки се оние кои имаат актива над 44,1 милијарди денари на 31.12. 2021 година. Според големината на активата, како што веќе традиционално е утврдено во нашиот банкарски систем, најголема е Комерцијална банка и таа сѐ уште е неприкосновено и најголемата по депозити на фирми и други нефинансиски друштва (последни податоци од Народната банка за 30.09.2022 година).

    Актива и депозити, состојба на 30.09.2022

    (во милијарди денари)

    БанкаАктиваДепозити на нефинансиски друштваДепозити на домаќинства
    Комерцијална банка151,632,2 94,6
    Стопанска банка ‒ Скопје117,118,766,3
    НЛБ банка107,3 19,462,8
    Шпаркасе банка80,621,024,6
    Халк банка77,920,424,9

    Извор: Народна банка

    Од податоците може да се види дека токму депозитите на компаниите кај Халк банка значајно придонесоа таа да се најде во друштвото на 5 најголеми банки во државата. Оваа банка има и неспецифичен сооднос на депозити на домаќинства и депозити на нефинансиски друштва, односно износот на депозитите е речиси идентичен, за разлика од другите банки, кај кои има многу поголеми износи на депозити на домаќинствата.

    ВО КОИ ГРАДОВИ СЕ ОТВОРАА НАЈМНОГУ СМЕТКИ?

    Отворањето на фирмите по градови го следи и трендот на отворање на сметки. Отворањето на некоја фирма во град од каде потекнува некоја банка, само по себе си „повикува на избор“. Но, еве што покажуваат податоците од платформата Бизнис мрежа:

    Во Скопје се отвориле најмногу фирми – 560 и најголем дел од нив (138) ја избрале Халк банка, вториот избор била НЛБ банка (126 фирми), а третиот Комерцијална банка (105 фирми).

    Тетово е втор град по новоотворени фирми во октомври и ноември. Се отвориле 66, а најмногу од нив за матична банка ја избрале Халк банка (19), додека ТТК банка ја избрале 16 фирми. Во Комерцијална банка отишле да отворат сметка 9 компании.

    Битола, со 55 нови фирми во претходните два месеци, е третиот град по новоотворени фирми. Таму имало, би се кажало, малку и невообичаено висока дисперизарност на коминтентите. Па, најмногу сметки (16) се отвориле во НЛБ банка, по 9 нови клиенти добиле Стопанска Банка ‒ Битола и Халк банка, а по 4 – Комерцијална банка, Стопанска банка ‒ Скопје и ТТК банка.

    ТОП 3 градови по новотворени фирми и 3 најизбрани банки

    ГрадНовоотворени субјектиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Скопје560Халк банка (138)НЛБ банка (126) Комерцијална банка (105)
    Тетово66Халк банка (19)ТТК банка (16)Комерцијална банка (9)
    Битола  55НЛБ банка (16)Стопанска банка – Битола (9) Халк банка (9)Комерцијална банка (4) Стопанска банка ‒ Скопје (4) ТТК банка (4)

    ЛАНИ МНОГУ ПОВЕЌЕ НОВИ ДЕПОНЕНТИ

    Во октомври и ноември годинава, како што пишуваше Пари, имало многу помалку отворени фирми отколку истиот период лани http://pari.com.mk/namalen-intenzitetot-na-otvoranje-na-firmi-lani-vo-noemvri-i-oktomvri-se-otvorile-2248-a-godinava-1192/.

    Така, минатата година банките ќариле и многу повеќе нови правни депоненти отколку годинава. Ланскиот октомври и ноември се делел „колачот“ од 2.248 компании, а годинава од 1.192.

    Ако се спореди годинешнава со минатогодишната петорка, може да се забележи дека годинава во првите 5 банки по привлечени новоосновани компании влезе Шпаркасе банка. Лани таа беше на осма позиција.

    Минатиот октомври и ноември, Халк банка за матична банка ја избрале 511 компании, НЛБ банка – 441, Стопанска банка – Скопје – 298, Комерцијална банка ‒ 291 и Универзална инвестициона банка ‒ 146.

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично