Халк банка ќе врши услуги поврзани со хартии од вредност. Зат тоа доби дозвола од комисијата за хартии од вредност, со што станува овластен учесник на пазарот на капитал.
Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на Халк банка АД Скопје – Одделение за работа со хартии од вредност и се дава дозвола за вршење на услуги со хартии од вредност, наведено е во известувањето од КХВ. А, за раководител на тоа одделение е именуван Миленко Ѓошевски, за што исто така е дадено одобрение од Комисијата, и тоа за период од една година.
Сепак, крајниот збор го има Народната банка:
„Дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Халк банка АД Скопје-Одделение за работа со хартии од вредност како нов овластен учесник на пазарот на капитал, како и согласноста на лицето Миленко Ѓошевски, КХВ ги дава под услов Народна банка на Република Северна Македонија да и даде согласност на Халк банка АД Скопје за вршење на финансиски активности предвидени во Законот за банките“, се вели во објавата од КХВ.